Министерот Кралев се обрати на регионалната конференција за образование и вештини во Црна Гора
Министерството за образование и наука, Ве известува дека министерот Панче Кралев денес во Даниловград, Црна Гора имаше свое излагање на Регионалната конференција за образование и вештини, која се одржува во организација на Европската Комисија.
Во своето обраќање, министерот Кралев се осврна на реформите во образованието кои се превземаат во Република Македонија со посебен акцент на националната рамка на квалификации.
- Како земја кандидат за ЕУ, Република Македонија го развива својот образовен систем според Стретешките насоки на Европа, кои се однесуваат на обезбедување на квалитет и достапност до различните форми на образование до сите граѓани, напомена министерот, напоменувајќи дека Република Македонија, прави напори и спроведува реформи на сите нивоа од образовниот систем, започнувајќи од предшколската возраст, продолжувајќи во основното и средното образование, вклучувајќи го и стручно образование и обука, високото како и образованието на возрасните.
Во процесот на развој на рамката на квалификации, потенцираше министерот Кралев, беа вклучени државните и приватни универзитети, студентите, Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, Министерството за труд и социјална политика, стопанските комори, синдикатите и други, се со цел зголемување на транспарентност на самиот процес и можност за зајакнување на дијалогот и довербата меѓу деловниот сектор, академската фела и националните авторитети.
- Како резултат на оваа работа, Рамката беше воспоставена со декрет за националната рамка за квалификации во високото образование, усвоена од страна на Владата на Република Македонија во 2010 година“ рече пред присутните министерот за образование и наука Панче Кралев.
На Конференцијата во Даниловград, присуствуваа министрти и државни советници од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и од земјата домаќин Црна Гора, како и високи претставници од директоратите за проширување и за образование и култура во ЕУ предводени од г-динот Јан Трусзцински, генерален директор на Генералниот директорат за образование и култура на Европската Комисија.