МВР: Во изминатото деноноќие (03/04.06) евидентирани 641 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 435 решенија за изолација и 75 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (03/04.06) на територијата на Република Северна Македонија на 435 лице им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се 8 лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Исто така, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 641 прекршоци.