Во текот на изминатото деноноќие (11/12.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека 2 лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 1.022 прекршоци.