Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам оствари работна средба со Амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми, Музафер Бајрам оствари работна средба со Амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо. 

На средбата беа дискутирани проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница воедно беа презентирани и идните активности во чии рамки можна е поддршката од оваа пријателска земја. 
 
Како резултат на добрата соработка, денес со финансиска поддршка од Нaродна Република Кина ќе бидат поделени околу 300 прехранбени пакети во општините Кичево, Битола и Ресен.

Имено, станува збор за донација од Амбасадата на Народна Република Кина наменета за лица од социјално загрозена категорија на граѓани од овие општини,  погодени од пандемијата Ковид 19.