Денеска се регистрирани 153 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 5595, оздравени се 75 пациенти – починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.  Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни. 

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г). 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2730, активни 1800
•       Куманово 723, активни 268
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 290, активни 184
•       Прилеп 240, активни 20
•       Тетово 603, активни 355
•       Струга 389, активни 107
•       Велес 171, активни 30
•       Битола 44, активни 15
•       Охрид 131, активни 107
•       Кавадарци 11, активни 5
•       Гостивар 91, активни 52
•       Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 13, активни 9
•       Крива Паланка 13, активни 7
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 63, активни 27
•       Пробиштип 14, активни 9
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 20, активни 18
•       Кичево 16, активни 12
•       Ресен 85, активни 83
•       Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5,  Систина  со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 416
•       Аеродром - 141
•       Бутел - 136
•       Гази Баба - 151
•       Центар – 123
•       Карпош – 121
•       Сарај – 138
•       Кисела Вода – 109
•       Ѓорче Петров – 88
•       Студеничани – 94
•       Шуто Оризари – 77
•       Арачиново – 51
•       Илинден – 32
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 17
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 3
•       Нераспределен-7