Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, денес учествуваше и се обрати на „Zoom“ конференција на Македонската платформата против сиромаштија (МППС), по повод 10 години постоење.
Царовска, којашто беше и прва претседателка на МППС, истакна дека во изминатата деценија е направено многу во борбата против сиромаштијата, а целото време се залагаше за воведување на гарантираниот минимален приход.
“Сега имаме реформиран социјален систем и 27 илјади семејства коишто земаат за 300 пати повисока социјална помош. Активно работиме на намалување на сиромаштијата и преку јакнење на најранливите и вложување во нив, ги активираме на пазарот на трудот, бидејќи само преку вработување можеме да ги извлечеме од сиромаштија“, рече Царовска во своето воведно излагање.
Вицепремиерката ги повика граѓанските активисти да продолжат со посветена работа и целосна вклученост во сите процеси на државата.
“Сакам да ги поттикнам сите граѓански организации да веруваат во она што го работат и со постојана соработка со институциите сите заеднички да создадеме подобрување на правата и условите за живот на граѓаните”, потенцираше вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.