МТСП: Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради одржување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и истиот нема да се одработува.

Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата (од 74 седница, одржана на 7 јули), заради непречено спроведување на Предвремените парламентарни избори.