Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), пациент од Гостивар (62г.) и пациент од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 4946, активни 1342
- Куманово 1094, активни 255
- Дебар 206, активни 117
- Штип 876, активни 434
- Прилеп 333, активни 51
- Тетово 1064, активни 222
- Струга 458, активни 176
- Велес 225, активни 21
- Битола 143, активни 63
- Охрид 275, активни 68
- Кавадарци 81, активни 61
- Гостивар 495, активни 287
- Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
- Струмица 38, активни 22
- Крива Паланка 25, активни 11
- Радовиш 29, активни 16
- Крушево 16, активни 8
- Кочани 106, активни 24
- Пробиштип 57, активни 22
- Демир Хисар 34, активни 27
- Македонски Брод 37, активни 31
- Пехчево 6, активни 0
- Берово 8, активни 4
- Валандово 6, активни 0
- Виница 23, активни 19
- Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 14, активни 7
- Свети Николе 228, активни 142
- Кичево 177, активни 109
- Ресен 146, активни 26
- Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-56, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-169, Систина со PCR метода -115, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-5.
Досега во земјата се направени вкупно
106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 6 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 89 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 167
- Аеродром - 152
- Бутел - 87
- Гази Баба - 133
- Центар – 110
- Карпош – 112
- Сарај – 62
- Кисела Вода – 153
- Ѓорче Петров – 93
- Студеничани – 47
- Шуто Оризари – 112
- Арачиново – 26
- Илинден – 23
- Петровец – 16
- Чучер Сандево – 8
- Сопиште – 21
- Зелениково- 7
- Странец – 5
- Нераспределен- 8