Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9.
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5697, активни 876
- Куманово 1379, активни 340
- Дебар 241, активни 77
- Штип 1108, активни 258
- Прилеп 399, активни 63
- Тетово 1188, активни 172
- Струга 545, активни 140
- Велес 259, активни 33
- Битола 196, активни 55
- Охрид 325, активни 59
- Кавадарци 170, активни 101
- Гостивар 740, активни 312
- Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
- Струмица 57, активни 22
- Крива Паланка 37, активни 12
- Радовиш 40, активни 11
- Крушево 16, активни 0
- Кочани 134, активни 30
- Пробиштип 76, активни 21
- Демир Хисар 60, активни 27
- Македонски Брод 69, активни 36
- Пехчево 10, активни 4
- Берово 39, активни 30
- Валандово 7, активни 0
- Виница 63, активни 41
- Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 16, активни 2
- Свети Николе 275, активни 65
- Кичево 263, активни 100
- Ресен 146, активни 1
- Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 860 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -137, лабораторија Лаор –0 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-92, Инфективна клиника-7, ГАК-9, лаборатории од странство-.0 Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 114
- Гази Баба – 109
- Аеродром - 105
- Карпош – 93
- Центар – 85
- Кисела Вода – 93
- Ѓорче Петров – 67
- Бутел - 68
- Шуто Оризари – 39
- Студеничани – 18
- Сарај – 21
- Арачиново – 18
- Илинден – 13
- Сопиште – 8
- Чучер Сандево – 7
- Петровец – 8
- Зелениково - 4
- Странец – 4
- Нераспределен – 2