Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-34, Куманово-20, Штип-5, Прилеп-8, Струга-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-3, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-1, Виница-6, Делчево-10,Кратово-1, Свети Николе-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од: Скопје-27, Дебар-1, Штип-10, Тетово-11, Струга-5, Битола-1, Гостивар-9, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Виница-4, Делчево-3, Кичево-3.
Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14293, бројката на оздравени пациенти е 11014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2683. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 5895, активни 856
- Куманово 1468, активни 377
- Дебар 252, активни 84
- Штип 1134, активни 169
- Прилеп 455, активни 107
- Тетово 1208, активни 164
- Струга 560, активни 59
- Велес 270, активни 31
- Битола 203, активни 40
- Охрид 337, активни 34
- Кавадарци 182, активни 80
- Гостивар 779, активни 233
- Гевгелија 49, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
- Струмица 65, активни 21
- Крива Паланка 46, активни 17
- Радовиш 42, активни 6
- Крушево 16, активни 0
- Кочани 143, активни 29
- Пробиштип 80, активни 15
- Демир Хисар 60, активни 16
- Македонски Брод 71, активни 18
- Пехчево 18, активни 12
- Берово 57, активни 48
- Валандово 9, активни 2
- Виница 70, активни 38
- Делчево 59, активни 50 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 18, активни 3
- Свети Николе 287, активни 63
- Кичево 269, активни 70
- Ресен 146, активни 0
- Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1297 теста се преку: ИЈЗ- 654, ЦЈЗ Скопје-6, Авицена-162, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-195, Систина со PCR метода -160, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-7, ГАК-8, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 110
- Гази Баба – 103
- Аеродром - 108
- Карпош – 88
- Центар – 80
- Кисела Вода – 100
- Ѓорче Петров – 55
- Бутел - 66
- Шуто Оризари – 32
- Студеничани – 25
- Сарај – 25
- Арачиново – 15
- Илинден – 13
- Сопиште – 7
- Чучер Сандево – 4
- Петровец – 10
- Зелениково - 3
- Странец – 10
- Нераспределен – 2