Владата го утврди Предлог законот за престанување на важење на Законот за попис

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Владата на Република Македонија на денешната седница расправаше и го утврди текстот на Предлог Законот за престанување на важење на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година.

Предлог законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија за да се стави на расправа по скратена постапка.