Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Војциех Тицињски

Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Полска Н.Е. Војциех Тицињски. 

На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, како и развиената соработка меѓу двете земји во голем број области од взаемен интерес, при што беше нагласена поддршката од Република Полска во насока на отпочнување на пристапни преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. 

Воедно, двајцата соговорници ја потенцираа плодната соработка која се реализира и помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, особено помеѓу граничните полиции, која резултираше со заеднички операции на полските полициски службеници со македонските колеги за спречување на илегалната миграција и заштита и поголема контрола на јужната државна граница.