Министерот Кралев го прими полскиот заменик министер за спорт и туризам

Интензивирање на соработката од полето на образованието, како и важноста на спортот во образовниот систем биле тема на денешната средба во Скопје на министерот за образование и наука Панче Кралев со полскиот заменик министер за спорт и туризам, Јачек Фокс.

Како што соопшти Министерството, на средбата на која присуствувал и Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Пжемислав Чижи, двете страни изразиле задоволство за досегашната плодна соработка помеѓу двете земји. Било разговарано и за начините за зајакнување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Полска, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.