Бектеши: Со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиците ќе го зголемиме опфатот на компании кои ќе може да аплицираат

Министерството за економија подготви измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кои ќе се зголеми опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за државна поддршка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во 24 Анализа на Телевизија 24.

“Во текот на оваа недела, најдоцна на почетокот на следната недела Министерството за економија ќе достави до Стопанските комори драфт- веризја на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Имајќи во предвид дека таму има одредени критериуми во однос на бројот на вработени, во однос на приходите од минатата година, ние ќе ја користиме можноста да направиме дополнителни промени за да го зголемиме обемот на компании кои што може да ги користат мерките од овој Закон“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека имајќи во превид дека во минатото оваа финансиска поддршка може да ја користат само компаните кои што се занимаваа со производство, со овие измени тој опфат ќе се зголеми.

„Во Уредбата со законска сила која што ја донесовме за време на Ковид ги вклучивме и компаниите кои што се занимаваат со трговија, но имаат инвестиции во машини, опрема, и хали и идеата е да видиме таква мерка да го прошириме опфатот и да вклучиме и други сектори да може и тие да ја користат оваа можност и на таков начин да го зголемат изозот и да придобијат нови пазари“ кажа Бектеши.