Министерот Кралев ја заврши работната посета на Шведска
Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска во Стокхолм имал работна средба Улф Мелин, директор на Канцеларијата за меѓународни програми за образование и наука во Шведска, на која се разговарало за искуствата на Шведска во спроведувањето на меѓународните програми за наука и иновации, информира Министерството за образование и наука.
Кралев имал средба и со Питер Хонет, државен секретар за високо образование и истражување во Шведска, кој го запознал со програмите кои таа скандинавска земја ги нуди за соработска со други земји. Кралев, пак, ги пренел македонските искуства во областа на високото образование.
- Се разговараше за начини за зајакнување на соработката помеѓу двете држави во полето на високото образование и истражување, посебно во поглед на можноста за стимулирање на потесната соработка помеѓу научните институции на двете земји, соопшти МОН.
Министерот Кралев попладнево имал и работен ручек со Ленард Стакле, проректор во Шведската нацонална агенција за високо образование, на која разговарале за пренесување и размена на искуства со надлежни институции во Македонија.
Посетата на Стокхлом Кралев ја завршил со работна средба со Миле Милнерт, генерален директор на Шведскиот совет за научно истражување, и отпатувал во Финска, каде што работно ќе го посети главниот град Хелсинки.