Мерките од петтиот сет ќе бидат во насока на проактивност и на стопанството и на институциите. Целта е компаниите да покажат позитивни резултати, а Владата ќе ги поддржи преку грантови шеми, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Вин Вин на Телма Телевзија.
Со петтиот сет мерки предвидено е во економијата директно да се вбризгаат 50 до 60 милиони евра, но преку различни олеснувања и автономни мерки, ефектот како средства одвоени од буџетот ќе биде многу поголем.
“Имајќи го во предвид и бројот на заразени и како се одвива епидемиолошката состојба во државата и во регионот, време е веќе да започнеме со мерки каде ќе бидеме проактивни како институции и како стопанственици, а да не бидеме само пасивни. Со покажување на позитивни резултати сакаме да ги поддржиме компаниите преку грантови шеми, со што се консултиравме и со експерти во однос на реализиција на првите сета на мерки. Ако видиме од првите месеци од почетокот на пандемијата преку мерката за финаниска поддршка за исплата на плати каде што дадовме поддршка за 12 илјади вработени, во декември таа бројка е на половина. Тоа ни дава на право да одиме со мерки како што се бескаматни кредити во делот на исплата на плати“ кажа министерот Бектеши.
Тој потенцираше дека дека со четирите сета мерки кои се донесени не само што се зачувани работните места, не само што се помогнати најпогодените бизниси туку во декмеври имаме и раст на индустриското производство.
“Влегуваме во фаза каде што мерките треба да бидат дизајнирани за различни сектори кои се најпогодени и со помошта која како држава која ќе ја дадеме да се вратат на пазарот и да работат како во претходните години пред пандемијата. На маса имаме две опции за поддршка за исплата на плати кои ги разговаравме со коморите. Сакаме компаниите, посебно од секторите кои се најпогодени да бидат охрабрени и заедно со институциите во време на криза да покажуваат резултати“ кажа министерот Бектепи и појасни дека размислувањата се сега, компаниите кои што ќе добијат бескаматен кредит за исплата на плати, а ќе покажат позитивни резултати на крајот на годината, скалесто ќе добијат грантови.
Според министерот ова не е конечна одлука.Во зависност како што ќе се одвива пандемијата, ќе се донесат и нови мерки како и во изминатиот период.
Министерот ја повика опозицијата да учествува во поддршка на стопанството во справување со пандемијата преку гласање на законските решенија доставени во Собранието, како што е Законот за државна гарантна шема со која ќе се помогне во зголемување на ликвидноста на компаниите и на нивната конкурентност.