Премиерот Заев и министерот Бочварски ќе присуствуваат на официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле

Ве известуваме дека на 04.03.2021 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе присуствува на официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле.

Премиерот Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Анди Аранитаси, ќе дадат изјави за медиумите за важноста на овој капитален проект во функција на подобрување на електроенергетската инфраструктура во земјата.

Изградбата на далекуводот Штип- Овче Поле, е дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електропреносната мрежа на Република Северна Македонија.

 

Календар Влада: 
Четврток, Март 4, 2021 - 11:00 to Петок, Март 5, 2021 - 11:45