Премиерот Заев и економските ресори во посета на „Ист Гејт Мол“ во Скопје
На ден 10.03.2021 година (среда) со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата Зоран Заев ќе го посети „Ист Гејт Мол“ Скопје каде со засилена динамика се одвиваат градежните активности.
Заедно со премиерот Заев, ќе бидат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши кои со менаџментот на „Скопје Ист Гејт“ ќе направат обиколка на локацијата и ќе се информираат за инвестициските активности до финална реализација на проектот.
.