Република Северна Македонија - една година членка на НАТО

На денешен ден, пред една година Република Северна Македонија го оствари својот голем историски успех! Со чинот на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме 30-та полноправна земја-членка на најмоќниот военополитички сојуз на денешнината.

Патот го отпочнавме во далечната 1993 година, со одлуката на Собранието за стапување  во Северноатлантската договорна организација, односно НАТО.

- Во април 1997 година го отпочнавме ПАРП процесот, додека статусот кандидат за членство во НАТО го добивме во 1999 година на Самитот на НАТО во Вашингтон.

- Во август 2002 година за прв пат со двајца мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан, Армијата го отпочна учеството во мисиите предводени од НАТО

- Kонечно на Самитот во Брисел во јули 2018 година официјално ни беше упатена покана за започнување на пристапните преговори за членство во НАТО.

- Неколку дена по поканата на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија беше донесена Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство во НАТО.

- Протоколот за пристапување во НАТО беше потпишан на 6 февруари 2019 година, а само по една недела на 13 и 14 февруари 2019 година, министерката за одбрана Радмила Шекеринска за прв пат учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет

- Процесот на ратификации на пристапниот протокол во Парламентите на сите 29 сојузници беше реализиран со навистина забрзан начин, по што во февруари претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, а на 20 март 2020 година го потпиша и Инструментот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

- На 27 март 2020 година, Република Северна Македонија заедно со најмоќните!. Официјално станавме полноправна членка на најголемата воено политичка алијанса во светот – НАТО.

Денес, знамето на Република Северна Македонија се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, во Командата на сојузничките сили за операции во Шејп – Монс и Команда на сојузничките сили за трансформации во Норфолк, Вирџинија, а Северна Македонија како полноправна членка учествува во сите процеси и активности на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината.

Линк до настанот кој може да се следи во живо