Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека се објавени резултатите од спроведениот Конкурс за распределба на средства за финансирање и реализација на програми, проекти и други активности од област на животна средина согласно Програмата за инвестирање во животна средина за 2021 година. Вкупната вредност на Програмата е 65.000.000,00 денари, а средствата се наменети за финасирање или кофинансирање на проекти за заштита и унапредување на водите, посебно во дел изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води, заштита на природата и биолошката разновидност, подигање на јавната свест, едукација и обука во областа на животната средина, поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природата.
Можност за аплицирање имаа општини или здруженија на општини, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, правните и физички лица, непрофитните и невладини организации и научни и образовни институции.
Согласно резултатите, предвидени за финансирање или кофинансирање се 108 проекти од наведените области.