Исправка на Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија ја дава следнава:

ИСПРАВКА

на Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.

Владата на Република Северна Македонија на ден 22.04.2021 година во дневните весници „Нова Македонија“ „Вечер“ и „Коха“, објави Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.

Заради појаснување на текстот на Јавниот повик во делот на правните субјекти кои можат да се пријават за оваа економска мерка, се врши исправка во точка 2 и наместо зборовите: 

„02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др. Листа на шифри и дејности со кои се регистрирани правните субјекти кои можат да аплицираат: 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40.“ 

треба да стои:  

"02. Вид на правни субјекти кои можат да аплицираат на повикот: На повикот можат да се пријават правни субјекти согласно Закон за трговски друштва, регистрирани според следниве шифри и дејности (се однесува на оператори од индустријата за организација на настани, продукциски куќи, агенции кои организираат настани и др.): 90.04, 90.02, 90.01, 82.30, 77.39, 74.20, 73.11, 59.20, 59.11, 47.43, 46.52, 26.40."

Повикот со исправката можете да го најдете на следниот линк: https://vlada.mk/povik-event-industrija