Јавен Повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
10.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и 6 сет економски КОВИД-19 антикризни мерки во 2021, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата,  Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:
 

ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30

 

Владата на Република Северна Македонија објавува повик за финансиска поддршка за угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30  во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза. Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за угостителите кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители – гости во сите угостителски објекти и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, за период 07 до 20 април, и одлука на Владата од 20.04.2021 за продолжување на ограничувањето (одлука на Владата), донесени на ден 05.04.2021 година, односно 20.04.2021.

  1. Предмет на поддршка: Финансиска поддршка на Угостители кои беа затворени со Одлука на Владата, донесена на ден 05.04.2021 година.
     
  2. Право на учество имаат сите угостители регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30.
     
  3. Намена на средства
    Со цел поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30 кои со Одлука на Владата на Република Северна Македонија од ден 05.04.2021 година беа затворени, предвидува финансиска поддршка и тоа во износ од 15.200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021, и 30% од просечните месечни приходи остварени во 2019 и 2020 година кој ќе биде помножен со соодносот на бројот на денови колку што овие дејности се затворени.
     
  4. Износ на поддршка
     Oснова за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 и 2020 година. Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, помножен со соодносот на бројот на денови колку што овие дејности се затворени. За сите субјекти од посочените шифри на НКД кои се регистрирани во текот на 2019 или 2020 година основ за пресметка се просечните месечни приходи од денот на основање до крај на 2020 година.

    Дополнително, секој регистриран активен субјект од дејностите 56.10, 56.29 и 56.30 ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021.
     

  5. Посебни услови
    Секој правен субјект кој ќе аплицира и на кој ќе му бидат исплатени средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 има намален број на вработени споредено со 06.04.2021 тогаш има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија. 

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и добие средства од овој повик, доколку на 31.12.2021 го задржал истиот број на вработени како на 06.04.2021 има обврска да врати 20% од вкупниот износ на финансиска поддршка во Буџетот на Република Северна Македонија.

    Секој правен субјект кој ќе аплицира и ќе му бидат исплатени средства од овој повик, ако на 31.12.2021 има зголемен број на вработени споредено со 06.04.2021 нема обврски за враќање средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
     

  6. Образец за аплицирање 
    Субјектите до Владата на Република Северна Македонија - Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој повик.
     
  7. Оценување на пристигнатите пријави:
    Комисија формирана од Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на поднесени барања. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

    Генерален Секретаријат по службена должност во соработка со УЈП ќе изврши проверка на пристигнатите апликации за платени даноци заклучно со 31.12.2019. Апликантите кои ги немаат подмирено своите даночни обврски заклучно со 31.12.2019 ќе бидат одбиени.

    Комисијата за евалуација на овој повик врз основа на пристигнатите апликации и критериумите за селекција, ќе направи конечна листа со пресметка на финансиската поддршка и истата ќе ја достави на разгледување и усвојување до Владата на Република Северна Македонија.
     

  8. Начин и рок за аплицирање
    Пријавата се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.
    Во прилог на пријавата треба да се достави и Тековна Состојба на правниот субјект, не постара од 6 месеци.

    Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса:

    Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат,
    бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје

    или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

    На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „Финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30.”

    Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик или доколку не пристигнат во рамките на рокот за поднесување, ќе се сметаат за некомплетни и/ненавремени и нема да се разгледуваат.

    Јавниот повик и обрасците за Јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите регистрирани со шифри на приоритетна дејност: 56.10, 56.29, 56.30 се достапни на www.vlada.mk/oglasi.

Рокот за поднесување на пријавите е заклучно со 10 мај 2021 година.