Владата на Република Северна Македонија ја дава следнава:
ИСПРАВКА
на Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација набнастани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.
Владата на Република Северна Македонија на ден 22.04.2021 година во дневните весници „Нова Македонија“ „Вечер“ и „Коха“, објави Јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.
Се врши исправка во делот на рокот на пријавување кој треба да гласи:
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 11 мај 2021 година, 16:00 часот.
Оваа исправка има правно дејство од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници, односно од 30.04.2021 година.
Повикот со исправката можете да го најдете на следниот линк: https://vlada.mk/povik-event-industrija