Владата ќе ја одржи редовната 75-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 75-та седница на која биде разгледан Записникот од триесет и деветтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 31 мај 2021 година, во кој се вклучени предложените измени на мерките за заштита на Комисијата за заразни болести, одржан на 28 мај 2021 година.

Пред министрите на разгледување ќе биде и Записникот од тринаесеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 28 мај 2021 година.

Седницата, која ќе започне во 12:00 часот и на која ќе бидат разгледани повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата.

За донесените одлуки и заклучоци од редовната 75-та седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.