Младите добија партнер за соработка во сите институции

Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, одреди службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија:

Загорка Видоевска

e-mail: zagorka.todorovska@gs.gov.mk
контакт: 02/3118-022 локал:
​моб: 076/475-250


За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување на службеник за млади во сите органи на државна управа, како и во општините и општините во Градот Скопје и Градот Скопје.

Ова значи дека во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе им ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и се што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни.

Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Листата со службеници за млади е достапна на следниот линк