Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев на отворање на првиот Младински центар во Куманово
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска, 25.6.2021 година (петок), со почеток во 18:00 часот во Куманово ќе го отвори првиот Младински центар.
Покрај премиерот на настанот ќе присуствуваат и градоначалникот на Oпштина Куманово, Максим Димитриeвски, директорот на АМС Наумче Мојсовски, заменик-директорот на АМС Авни Рустеми и Марија Крстевска и Наим Исаки, младински работници.
Календар Влада:
Петок, Јуни 25, 2021 - 18:00 to 19:00