Вицепремиерот Николовски ќе одржи работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Мицевски и ќе ги посети дел од локациите опфатени во проектите за регионален развој
На 02.07.2021 година (петок), во Крива Паланка, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ќе одржи работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и ќе ги посети дел од локациите опфатени во проектите за регионален развој.
Во рамки на посетата, во 11:40 часот вицепремиерот Николовски на платото кај Градскиот музеј во Крива Паланка, ќе има изјава за медиуми.
Календар Влада:
Четврток, Јули 1, 2021 - 11:45 to 19:45