Министерот Попоски се сретна со полскиот амбасадор Чиж
Европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија била тема на денешната средба во Скопје на министерот за надворешни работи Никола Попоски со Пжемислав Чиж, вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Полска во Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски изразил благодарност за континуираната поддршка која Република Полска ја изразува кон Република Македонија, во контекст на нејзиното интегрирање во НАТО и во ЕУ.
Амбасадорот Чиж, пак, истакнал дека Република Македонија како искрен пријател и партнер, секогаш ќе ја ужива поддршката од Република Полска во контекст на НАТО/ЕУ интеграцијата.
- Во оваа насока беше изразено заемно задоволство од соработката меѓу двете земји во рамките на т.н Скопска конференција, која оваа година ќе се одржи по трет пат, во Скопје. Меѓу другото, на средбата беа разменети мислења и за политичките и економски односи и соработка меѓу двете земји, а беше разговарано и за соработката на мултилатерален план, стои во соопштението од МНР.