Премиерот Зоран Заев оствари средба со Нектариа Пасаривакис, претседател и извршен директор на конференцијата „Економист“ за Грција, Кипар, Малта и Југоисточна Европа.
Пасаривакис се заблагодари за учеството на премиерот Заев на конференцијата и за заложбите за унапредување на економските релации на двете земји. Таа искажа позитивни зборови за лидерската улога на премиерот Заев и придвижувањето на многу важни процеси меѓу двете земји сé со цел економски развој.
На состанокот уште еднаш премиерот Заев ја искажа поддршката и упати честитки за професионалната организација на конференцијата „Економист“, каде на едно место учествуваат лидери, стопанственици, дипломати и еминентни личности од различни сфери.
Беше заклучено дека инвестициите имаат многу важна улога за развој на регионот на Западен Балкан до натамошна ЕУ интеграција.