Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео конференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 94-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На предлог на Министерството за образование и наука, на седницата ќе бидат ставени за разгледување предлог-уредбите за: методологијата за утврдување критериуми за распределба на наменски дотации и блок дотации за основното образование и средното образование, по општини за 2022 година, како и за методологијата за утврдување критериуми за распределба на блок дотациите за јавните установи за деца - детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2022 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика.
Меѓу другото на дневен ред за разгледување е и Информацијата за реализација на Акцискиот план за статус на проектите финансирани во рамки на ИПА 2 Годишна програма за 2017 „ЕУ Поддршка за образование, вработување и социјална политика“ на Министерството за образование и наука.
За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, која е закажана со почеток во 14:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.