Премиерот Заев ќе се обрати по повод отворањето на новата инвестиција современ Бит-пазар
Ве известуваме дека на 03.09.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод отворањето на новата инвестиција на Скопски пазар АД Скопје, целосна реконструкција на пазарот Бит-пазар.
На настанот свои обраќања ќе имаат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.
Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата.