Премиерот Заев ќе се обрати на настан по повод промоција на нова поштенска марка
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на 06.09.2021 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, ќе присуствува и ќе се обрати на настан за промоција на нова поштенска марка, по повод 8-ми Септември, 30 години независност.
Настанот ќе се одржи во зградата на Пошта на Северна Македонија, во Шалтер салата.
Покрај премиерот Заев, на настанот ќе се обратат директорот Јани Макрадули и поранешниот пратеник Исмет Рамадани.
Календар Влада:
Понеделник, Септември 6, 2021 - 10:00 to 11:00