Премиерот Заев со воведно обраќање ќе го отвори „Македонскиот енергетски форум 2021“

Денеска со почеток во 09:30 часот, премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ќе го отвори дводневниот „Македонскиот енергетски форум 2021“.

На Форумот воведни обраќања ќе имаат и Кејт Мари Брнз, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, амбасадор на делегација на Европската Унија во Северна Македонија, како и Агим Селами, директор на ЗИП Институт.

На засебни панел-сесии креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет ќе дискутираат за важноста на енергетиката како и за предизвиците на одржливиот развој.

Локација: Hotel Limak, Skopje

Форумот традиционално четврта година по ред, е во организација на ЗИП Институтот, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата и Владата на Република Северна Македонија.
 

Календар Влада: 
Понеделник, Септември 13, 2021 - 09:30 to 10:30