Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, изнесува 104.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.4%), Уметност, забава и рекреација (15.1 %) и Други услужни дејности (13.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (8.1%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.4%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2021 година, изнесува 42.627 денари.