Владина делегација се поклони пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“

Владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“.

Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба“, во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност.