Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот го одржа вториот состанок на кој беше разгледан и усвоен Извештајот за реализирани активности за јануари-јуни 2021 година од Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализмот.
На состанокот, со кој претседаваше министерот за прада Бојан Маричиќ, беше констатирано дека Оперативно постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот останува носител и поттикнувач на обединување и почитување на различностите во општеството.
Низ дебатата на присутните, меѓу кои и заменик на претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, како и други претставници на институции и на граѓански организации, беше нагласено дека продолжува посветената работа на реализирање на стратешката програма за едно општество за сите, со која, со почитување на европските вредности, градиме општество еднакво за сите.
На состанокот на Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот беа презентирани обуката за интеркултурализам за јавната администрација, и беа утврдени приоритетите во развојот на концептот едно општество и интеркултурализмот за следниот работен период.