Доделени признанијата „Златна Олимпија“ за најуспешните жени во спорт за 2021 година

Вчера се одржа првата едиција на гала настанот „Златна Олимпија“, настан посветен на најуспешните жени во спортот.

Овој настан е кулминација на спортските достигнувања и успешните приказни на спортистките и жените во спортот за 2021 година. 

Преку настанот се реафирмираше заложбата за постигнување родова еднаквост во спортот, поголемо учество на жените во спортот, како и еднаква поддршка и еднаков пристап до ресурси за спортот во женска категорија.

Сања Лукаревска, имаше чест да ја додели наградата за особено признание за животно дело кое ѝ припадна на легендарната пливачка, Наташа Мешковска.

Беа доделени награди во десет категории, вклучувајќи награда за најмлада спортистка, најдобар тренер, најдобра женска репрезентација, спортски подвиг за 2021 и други.

Иницијативата за овој настан е на Комисијата за родова еднаквост во спортот предводена од советничката Силвија Митевска, поддржана и во организација на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.