Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ќе соработува со граѓанските организации на реинтеграција на повратниците

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) заедно со граѓанските организации кои се дел од  конзорциумите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), одржаа дводневна работилница.

Главен фокус на работилницата беше начинот на координацијата помеѓу НКСНЕБПТ, државните институции и невладините организации, за целосно исполнување на активностите предвидени во Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација (НПРРР) на повратници од странски војски и членови на нивните семејства. Присутните ги анализираа сите актуелни предизвици во работата со жените и децата повратници од кризните подрачја кои што се во врска со локалните мултидисциплинарни тимови  и заклучија дека сите идни активности, во поддршка на тимовите, ќе се одвиваат со заемно надополнување и во координација на НКСНЕБПТ.

Констатирано е дека инволвираноста на невладиниот сектор во процесот на превенција и спречување на насилен екстремизам ќе резултира со уште повисок степен на успешност во вкупните напори на државните институции на Република Северна Македонија, во ова област.

Во контекст на целосно имплементирање на активностите предвидени во планот за реинтеграција, НКСНЕБПТ потпиша два меморандуми за разбирање со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамките на проектот финансиран од Глобалниот фонд за ангажирање и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ).