Владата на Република Северна Македонија денеска, 8.2.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 11-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најдат повеќе предлози на законски решенија меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и Предлог на закон за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.
Меѓу другото, на седницата ќе се разгледува и Предлог-програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, со почеток во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.