Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во просториите на Владата на Република Северна Македонија, одржа донаторска конференција на која присуствуваа претставници од меѓународните организации

Ве информираме дека на 22.02.2022 година (вторник) со почеток во 13:00 часот (16:00 часот локално време во Дубаи), ќе се одржи официјалната церемонија и прослава на Националниот ден на Република Северна Македонија на глобалниот саем ЕКСПО кој се случува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Делегацијата од Република Северна Македонија ја предводи Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Церемонијата на Националниот ден ќе можете во живо да ја следите на следниот линк:

Прослава на Национален Ден на Република Северна Македонија на Експо 2020 Дубаи на македонски јазик

Прослава на Национален Ден на Република Северна Македонија на Експо 2020 Дубаи на албански јазик

Прес-конференција од Експо 2020 Дубаи на македонски јазик

Прес-конференција од Експо 2020 Дубаи на албански јазик
 
Пренос на церемонијата за прослава на Националниот ден ќе се емитува и на македонскиот и албанскиот канал на Македонската Радио Телевизија.

Ве информираме и дека на 23.02.2022 година (среда), ќе се одржи Бизнис Конференцијата со почеток во 7:30 часот (10:30 часот локално време во Дубаи). На оваа Бизнис конференција ќе се обратат Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, како и претставници на четирите комори.

Бизнис конференцијата можете да ја следите на следниот линк:

Линк до видео од Бизнис конференцијата на македонски јазик

Линк до видео од Бизнис конференцијата на англиски јазик

Како дел од посетата, делегацијата ќе одржи состаноци со претставници од Владата на Обединетите Арапски Емирати, комори и компании.

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 22, 2022 - 13:00 to 14:00