Попоски ги прими акредитивните писма од новиот бугарски амбасадор Великов Петков
Република Македоинија очекува Република Бугарија да остане силен поддржувач на македонското евроатланско интегрирање, истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски на средбата со новиот вонреден и ополномоштен бугарски амбасадор Иван Великов Петков, кој денеска му ги предаде копиите од акредитивните писма.
Како што соопшти МНР, на средбата министерот Попоски изразил надеж дека добрите билатерални односи со заеднички ангажман и посветеност, ќе добијат уште поголем интензитет, во интерес на двете држави и народа.
- Изразена беше подготвеност за интензивирање на билатералните односи и соработка во духот на пријателството, добрососедството и меѓусебно разбирање. Заемно е истакната потребата од унапредување на соработката, особено на планот на економијата, инфраструктурата, енергетиката, трговската размена и прекуграничната соработка, се вели во соопштението.
Амбасадорот Петков, пак, ја повторил определбата на Република Бугарија за градење одлични односи со Република Македонија, за што поголеми успеси на сите билатерални проекти од заеднички интерес, како и давањето поддршка на Република Македонија на патот кон реализирање на нејзините надворешно-политички стратешките определби.