Во Италија се валидирааат Стандардните оперативни процедури за Националниот акциски тим за борба против тероризам на Северна Македонија

Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолоски, е во студиски престој во Виченца, Република Италија, во рамките на ЕУ Твининг Проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.

Целта на студиската посета е да се изврши валидирање на Стандардните оперативни процедури за Националниот акциски тим за борба против тероризам, кои што се развиени во текот на 2021 година преку активности во склоп на проектот, со помош на претставници експерти од Карабиниери РОС од Република Италија и со претставници на релевантни државни институции од Република Северна Македонија.

Студиската посета ќе се одвива во CoESPU-Меѓународен хаб за полициско работење за стабилност, како и интервенција на полициите во ранливи или земји во развој, кој ги вклучува CoESPU (Центар за извонредност за полициско работење за стабилност) кој е финансиран од Стејт Департман на САД, а менаџиран од страна на Карабинери од Италија, НАТО Центарот за извонредност за полициско работење за стабилност (NATO Center of Excellence for Stability Policing) и Европски жандармерии (EUROGENDFOR), како постојан Генералштаб на европските жандармерии.

Овие центри претставуваат меѓународен хаб за доктрина, организација, обука и воспоставување на полициско работење за стабилност и во текот на официјалнпрограма на стидискиот престој беа презентирани специфичните задолженија и активности на овие центри.

Валидирањето на Стандардните оперативни процедури за Националниот акциски тим за борба против тероризам на Република Северна Македонија започна веднаш после официјалното отворање во интерактивна соба наречена „Магистра“, каде што се обезбедени услови за да се спроведе симулациска вежба.