Владата ги утврди првичните финансиски средства за прифаќање на бегалците од Украина и ги донесе измените на Законот за социјална помош за финансиската поддршка за март, април и мај

Владата на Република Северна Македонија на денешната 30-та седница, го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.

Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности. 

На денешната седница Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани со пандемијата од КОВИД-19, како и од енергетската криза, во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година, за најранливите категории граѓани.