Владата на Република Северна Македонија денеска 22.3.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 32-ра седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, за разгледување, најавена е Информацијата за потреба од преземање на мерки и активности поврзани со Каталог на услуги и Националниот портал за електронски услуги на предлог на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење.
Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува и Предлог-стратегијата за развој на верскиот туризам и поддршка на активните манастири, со Акциски план 2022-2026 изготвена и предложена од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.