МИОА води во имплементацијата на ЦАФ2020 моделот

На работилницата организирана од РеСПА( Регионална школа за јавна администрација) во која што се дискутираше за ЦАФ2020 моделот, министерот на информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити ги поздрави присутните и нагласи дека МИОА е водечка во имплементацијата на ЦАФ2020 моделот.

„Сакам да нагласам дека процесот на имплементација на ЦАФ моделот во нашата институција од донесување на одлуката па се до денешната работилница за приоретизација има целосна  поддршка од моја страна бидејќи со добро спроведена само проценка на институцијата се согледуваат недостатоците и се преземаат активности кои институцијата ја насочуваат во правец на извонредност и испорака на ефикасни и ефективни услуги кон граѓаните“, изјави министерот Алити

И продолжи кажувајќи дека Министерство за информатичко општество и администрација како национална контакт точка за управување со квалитет кое пружа поддршка на цел јавен сектор во оваа област е прво во нашата држава кое ќе го имплементира ЦАФ2020 моделот кој како новина од предните модели акцентот го става на дигитализација, агилноста, разновидноста и одржливоста.

Сигурен сум дека и денешната работилница за приоретизација успешно ќе биде спроведена како и целокупниот процес до сега, и ќе резултира со добар План за реализација на активности кои ќе придонесат за уште поуспешна работа на нашата институција. Самата имплементација на ЦАФ моделот во нашата институција се случува во вистинско време како поддршка на започнување на пилотирањето на проектот за реорганизација.