Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присутвуваше на настан организиран од УН агенциите во земјава, каде водено беше презентирана „Анализата на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија - 2021“ и беше претставена заедничката програма на ОН „Од знаење и ангажман до зајакнување и учество“.
Министерката Тренчевска во своето обраќање даде осврт на досегашните постигнувања и предизвиците на лицата со попреченост во нашата држава. Таа информираше дека, покрај Стратегијата за Деинституционализација, Владата заедно со Министерството за труд и социјална политика веќе отпочна процес на развој на Национална стратегија за попреченост во која учествуваат и се дел од работната група различни институции коишто имаат надлежност за лицата со попреченост и претставници на граѓанските организации. Целта е носење на национална стратегија за попреченост којашто во иднина дополнително ќе ги унапреди правата на лицата со попреченост.
Таа се осврна на воспоставувањето на социјалните услуги во заедницата, каде се јавуваат јавни и приватни даватели на услугите, како и дека досега се лиценцирани над 60 приватни даватели на социјални услуги, од кои најголемиот дел се финансираат од буџетот на МТСП.
„Во владина процедура е третиот Акцискиот план за деинституционализација, а се интензивира преселбата на корисниците од социјалните институции. Скоро 65% од корисниците во Специјалниот Завод во Демир Капија се преселени преку таквите социјални услуги за живеење со поддршка кај јавни и приватни даватели на социјални услуги. Истовремено, во подготовка е и проект за темелна реконструкција и модернизација на Заводот Скопје (Топанско Поле) кој е замислен да биде Центар за социјални услуги“, рече Тренчевска.
Таа посочи дека моментално функционираат 36 дневни центри за деца и лица со попреченост на територија на целата држава, кои треба да се реформираат - да прераснат во даватели на современи индивидуални услуги, а не да обезбедуваат само „дневен престој“. Притоа, ја потенцираше важноста да се работи на развивање на вештини на оние коишто ја користат услугата. Посочи и дека, децата и возрасните треба да се „одвојат“, затоа што работата со децата бара специфичност и центрите треба да работат токму на оспособување на децата за нивна поголема активност понатаму во животот.
Министерката рече дека воведувањето на МКФ ќе го олесни воведувањето регистар на лицата со попреченост. Нешто што е неопходност во државата и нешто на кое што институциите и граѓанските организации го работат заедно.
„Унапредувањето на инклузивноста на детските градинки е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика во областа на детската заштита. Нешто на кое што посветено работиме почитувајќи ги сите меѓународни стандарди за градинките со лицата со попреченост но и работа со вработените во градинките за зајакнување на нивните капацитети при работа со лицата со попреченост. Сите нови градински отворени низ земјава во 2021 година се целосно физички пристапни, а сите проекти за изградба или темелна реконструкција на детските градинки низ земјава вклучуваат обезбедување физичка пристапност“, рече Тренчевска.
Таа зборуваше и за измените на Законот за заштита на децата, со кои, меѓу другото, се предвидува децата со попреченост да имаат приоритетно право на упис во јавните детски градинки, како и зголемувањето на паричните надоместоци за правото на посебен додаток за 15%, ослободувањето од партиципација за деца со попреченост од 26 годишна возраст, како и намалувањето на возрасната граница за користење на траен надоместок на 60 години за жени односно 62 за мажи.
Во подготовка е и нов Закон за вработување на лицата со попреченост за кој ќе се организира јавна дебата со претставници на ќе бидат вклучени сите се со цел добивање на закон кој што ќе одговара на потребите на лицата со попреченост.
Министерката истакна дека наодите од анализите како денешната, ќе бидат патоказ за креирање на идните политики не само на МТСП туку и на сите релевантни институции кои работат на проблемот со лицата со попреченост.