Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска во Баку се сретна со претседателот на Државната Агенција за Јавни Услуги и Опшествени Иновации под покровителство на претседателството на Република Азербејџан, г.Улви Мехдиијев.
Во средбата што беше конструктивна, зборуваа за полето на дигитализацијата и иновациите во процесите и јавните услуги како една ургентна потреба.
Разменија и различни идеи што се поврзуваат со благосостојбата на граѓаните, бизнисите и државата.
Искуството на Азербејџан во ова насока придонесува многу за нас, во реализација и имплементација на нашите проекти.
Фокус на дискусијата беа можностите за соработка, продлабочување на добрите односи меѓу двете земји.
Алити му се заблагодари на претседателот за поканата и подготвеноста да го споделам нивното искуство и се договоривме да ги официјализираме нашите идни соработки.