Алити - Мехдиијев: Дигитализацијата и иновациите во јавните услуги се ургентна потреба

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска во Баку се сретна со претседателот на Државната Агенција за Јавни Услуги и Опшествени Иновации под покровителство на претседателството на Република Азербејџан, г.Улви Мехдиијев.

Во средбата што беше конструктивна, зборуваа за полето на дигитализацијата и иновациите во процесите и јавните услуги како една ургентна потреба.

Разменија и различни идеи што се поврзуваат со благосостојбата на граѓаните, бизнисите и државата.

Искуството на Азербејџан во ова насока придонесува многу за нас, во реализација и имплементација на нашите проекти.

Фокус на дискусијата беа можностите за соработка, продлабочување на добрите односи меѓу двете земји.

Алити му се заблагодари на претседателот  за поканата и подготвеноста да го споделам нивното искуство и се договоривме да ги официјализираме нашите идни соработки.