Министерот Алити го посети центарот ASAN (“Azerbaijan Service and Assessment Network”)

Меѓу интензивните активности за време на работниот престој во Баку, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити го посети и ASAN Mobile Service, каде одблиску се запозна со начинот на работа и услугите што ги нуди овој центар.

Концептот на ASAN Mobile Service, т.н. „Мала инвестиција со големи придобивки“, е создаден за да се формира пристап кон обезбедување благосостојба на граѓаните, што истовремено го збогатува квалитетот на односите меѓу државата и граѓаните.

Овој центар, како што рече министерот Алити, е вистински пример кон кој ќе се стремиме, со цел да се биде поблиску до граѓаните, да се намалат трошоците и заштеди нивното време, а воедно и да се олесни нивниот живот.