Вицепремиерката Грковска е во дводневна работна посета на Рим, во фокусот на разговорите се антикорупциските политики и доброто управување
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, замина на дводневна работна посета на Рим, Италија.
Во рамки на посетата, вицепремиерката Грковска ќе има работна средба со италијанскиот министер за јавна администрација Ренато Брунета.
Вицепремиерката Грковска ќе се сретне и со претседателот на италијанската Национална антикорупциска комисија (АНАК), Џузепе Бузиа, а ќе одржи и работен состанок со Диего Сабатино, експерт за јавни набавки во Државниот совет на Италијанската република.
Заменичката на претседателот на Владата Грковска ќе го посети и Универзитетот Луис Гуидо Карли, а ќе има средба и со Роксана Албистеану, менаџер за јавна политика за Југоисточна Европа на компанијата Амазон Веб Сервиси.